Арсовски: Сашко Николов со Штип владее исто како неговото семејство со Баргала

Од:

Во само 10 месеци, новиот пулен и миленик на Зоран и Вице Заеви, градоначалникот на Штип, Сашко Николов, си го покажа вистинското лице. Кандидирањето од СДСМ на Сашко Николов за градоначалник на Штип, за жал е плукање во лице на над 100 фамилии чии луѓе беа избркани од Баргала, која е семејна фирма на Сашко Николов. Ова е брутално исмевање во лице на овие напатени граѓани рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Сите знаеме дека тој со неговата ароганција се пофали дека лично ги дизајнирал чевлите што сакал да му ги направат во Баргала, за откако ќе му ги направат напатените работници, потоа да видиме како се исплаќаат плати по 2 денари, за потоа да избркаат над 100-тина луѓе од работа и да не исплаќаат плати по 4 месеци на вработените, за што се отвори и стечајна постапка. Истиот принцип на владеење е и во општина Штип. Цели 10 месеци Сашко Николов се обидува да ги залаже граѓаните со минијатурни полупроекти, што не се ниту 10% од програмата што ја ветија во 2017 година, и она коешто тој самиот го ветуваше пред 10 месеци, за потоа да ја направи општината приватен имот и да ги заборави граѓаните, односно да ги искористи за личен интерес, како што истото се случи со неговото семејство во Баргала“ – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети