Продолжување на правото на стипендија – за учениците во септември, за студентите во октомври

Од:

Рокот за достава на документите за продолжување на правото на стипендија е од 1 до 30 септември за учениците и од 1 до 30 октомври за студентите.

МОН на својата веб-страница објави дека документи во наведениот рок може да поднесат сите корисници на правото на ученичка односно студентска стипендија остварено во некоја од изминатите учебни/академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на стипендијата.

Корисникот на ученичка стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидителство.

Корисникот на студентска стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 или 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно со договорот за стипендија.

Документите за стипендиите (ученички и студентски) се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку корисниците немаат можност електронски да ги поднесат,  документите треба да ги достават преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во МОН. 

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови