ВИДЕО: Ѓоковиќ одлучи – оди во Токио, ќе се бори за единствениот голем трофеј што му недостасува

Од:

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, одлучи да учествува на Олимписките игри во Токио, каде ќе се бори за единственото злато од големите тениски натпреварувања кое го нема во колекцијата.

Веста со која ги израдува милионите фанови ширум светот, Ѓоковиќ ја соопшти на својот профил на Твитер.

„Со голема гордост се пакувам за Токио и ѝ се придружувам на нашата репрезентација во борбата за најсјајните одличја на олимписките борилишта. За мене, играњето за Србија секогаш била посебна радост и мотивација и ќе дадам сѐ од себе да нѐ израдувам сите“, напиша Ѓоковиќ.

По ова, Ѓоковиќ објави и видео на кое се гледа роденденската честитка за негов млад фан од Јапонија по име Куџиру, кој за својот шести роденден доби ветување од светскиот рекет број еден дека ќе се видат за време на Олимпијадата, која ќе се одржи од 23 јули до 8 август.

Српскиот тенисер, по победата на Вимблдон, со која се израмни според бројот на грен-слем трофеи со најголемите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, изјави дека сѐ уште размислува дали да настапи на Игрите во Токио, кои според најавите ќе се одржат без публика во салите и на стадионите, поради сериозната епидемиолошка состојба во Јапонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Tаткото на Новак Ѓоковиќ заврши во болница

Горан Наумовски

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана