Грција купи српски ракети со дострел од 40 километри

Од:

Српскиот производител на оружје Едепро склучил договор со војската на Грција за продажба на ракетите Г2000, со домет од 40 километри, базирани на проектилите за рускиот систем БМ-21 Град и наменети за стрелање од повеќецевни ракетни фрлачи.

Едепро настапи на меѓународниот саем во Атина заедно со уште една српска компанија, Грин пауер турбо системс, а според извештаите, тие заеднички презентирале најнови достигнувања од областа на ракетната техника, наведувањето и управувањето со проектили, вклучително и на турбомлазен погон.

Ракетите Г2000 и Г2000/52 првпат се прикажани во светската јавност на саемот за оружје ИДЕКС во Абу Даби во 2017 година.

Подобрената ракета има нов мотор и во однос на рускиот оригинал, има двојно поголем домет. Ракетите се компатибилни и можат да се лансираат од истиот систем како рускиот Град или словачкиот РМ-70.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски