ВИДЕО: Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари“

Од:

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава донираше 1,6 милион денари на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари“. Средствата се наменети за РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на поликлиниката.

По тој повод, претседателот Пендаровски, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, и претставници на ЈЗУ Здравствен дом Скопје денеска ја посетија поликлиниката „Шуто Оризари“. Посетата е завршна фаза од оваа активност по потпишувањето на меморандумот за соработка и реализацијата на донацијата.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, Пендаровски истакна дека при денешната посета на поликлиниката „Шуто Оризари“ имале чест на самото место да ја видат донацијата од Народна Република Кина за Република Северна Македонија и конкретно за оваа општина која, како што наведува во соопштението, според сите стандарди во делот на здравствената заштита е подолу од тоа што е градски или републички просек.

– Кога минатата година првпат со господинот амбасадор започнавме да размислуваме каде најдобро би можело да се употреби нивната донација, не ни требаше многу време за да утврдиме дека поликлиниката „Шуто Оризари“ е една од првите која треба да добие таква помош за граѓаните на оваа општина да имаат ниво на здравствена заштита еднакво како сите други граѓани кои живеат во другите општини на државата. Ви благодарам уште еднаш. Ова не е единствената донација која неговата држава ја направи кон нашата држава. Во време на пандемија добивме во неколку наврати медицинска опрема, заштитни маски и други работи. Јас се надевам дека ќе продолжиме во таа насока да соработуваме, рече претседателот Пендаровски.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека за време на денешната посета на одделите за имунизација, одделот на дежурната служба и рентген-кабинетот, имал можност да разговара со вработените медицински лица и подвлече дека е задоволен што се забележува значително подобрување на условите во оваа здравствена установа.

– Претседателот Пендаровски придава големо значење на билатералните односи меѓу Кина и Северна Македонија и одржува пријателски размени со кинеските лидери. Неговата екселенција се сретна со кинескиот државен советник и министер за одбрана Веи Фенгхе во март годинава. Од избувнувањето на Ковид-19, претседателот Пендаровски активно ја промовира соработката меѓу нашите две земји во борбата против пандемијата и промовира пријателски размени со цел корист на народот и продлабочување на традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Македонија, рече амбасадорот Ѕуо.

Директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Виктор Исјановски, истакна дека со оваа донација ќе се зголеми нивото на здравствена заштита во овој дел на Скопје, конкретно на граѓаните коишто гравитираат во оваа поликлиника.

– Пред сé, донацијата се однесуваше на превентивата, примарната здравствена заштита и делот на специјалистичката служба каде што првпат после толку години ќе се отвори и РТГ-кабинетот за граѓаните да може да дојдат да се снимат, со цел тие здравствени услуги да не мора да ги прават во пооддалечените поликлиники, нагласи Исјановски.

Од Кабинетот на Пендаровски посочуваат дека донацијата е поттик за натамошно изнаоѓање системски решенија за предизвиците со кои се соочува оваа поликлиника, како и дел од здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население, од аспект на медицински кадар, опрема и соодветни просторни услови, како и за постојано вложување во здравствениот систем и овозможување квалитетни здравствени услуги на сите граѓани подеднакво.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски