Предлогот за видео надзор се однесува само за процесите кои не може да се дигитализираат, појасни Арсовски

Од:

Предлогот за поставување на видео надзор и боди камери не се однесува на целата администрација, туку за службениците коишто вршат контрола, надзор и посебни овластувања особено во процесите коишто не можат да се дигитализираат и вклучуваат неопходно учество на човечкиот фактор, појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за снимање на работата на државните службеници при контакт со граѓаните.

Овој предлог, нагласи Арсовски, во наредниот период детално ќе се истражи и анализира од аспект на негова имплементација, опфатот на службениците, обезбедувањето на сигурноста и приватноста на граѓаните, како и техничките и законските можности.

– Дигиталната трансформација на процесите е врвен приоритет на Владата како клучен механизам за сузбивање на корупцијата и за брзи и ефикасни услуги кон граѓаните за институциите коишто се токму во служба на граѓаните. Работна група веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребните закони за дигитална трансформација, изјави Арсовски.

Сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација, посочи Арсовски, ќе бидат подготвени и доставени до Собранието до крајот на август.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени