Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, изјави денеска оти му е потребно време да размисли пред евентуално да потпише продолжување на договорот.
– Мислам дека сега не е вистинското време да размислувам за какви било работи поврзани со мојата иднина како селектор, посочи Саутгејт во изјава за британските медиуми.
Извршниот директор на Фудбалската федерација на Англија (ФА) Марк Булингем најави за време на ЕУРО2020 дека ФА сака да му понуди нов договор на Саутгејт, но англискиот селектор, по вчерашниот пораз во финалето на ЕУРО2020 од Италија, истакна дека неговите мисли сега се свртени кон продолжение на мундијалските квалификации во септември.
– Мораме да се пласираме (на Светското првенство) во Катар, но пред тоа, потребно да се тргнам од сè, да го погледнам уште еднаш финалето и да го анализирам целиот турнир, изјави Саутгејт.