Градоналникот на Охрид Никола Бакраески очекува проектот за изградба на хотелско туристичкиот комплекс во Љубаништа да бида готов до 2020 година. Тој денеска имаше средба со претставници на Сахаријан Македонија на која било разговарано за активностите поврзани со реализацијата на овој проект.
„Добивме информација дека на 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува претседателот на Сахарија Индија Групацијата Субрата Рој и ќе имаме работна средба на која ќе добијам потполни информации околу сите работи поврзани со проектирањето и реализацијата на овој проект, за кој верувам дека активностите ќе се одвуваат во најдобар ред. и кој што до 2020 година ќе биде изграден“, истакна градоначалникот.
Индијците од Бакрачески побарале обезебедување на дополнителни 17 хектари за изградба на сместувачки капацитети за парсоналот кој ќе работи на тој комплекс.
„Во моментов се усогласува нашата законска регулатива, во поглед на добивање согласности за непречено одвивање на работите и се работи на идејниот проект од страна на архитектонската компанија Аткинсон од Лондон.Сепак ингеренциите за реализација на овој проект се во рацете на владата“, рече Бакрачески.
На средбата помеѓу Бакрачески и Рој, најверојатно ќе присуствува и премиерот Груевски, повеќе Владини министри, а биле поканети и амбасадорите на Америка и Англија, и други преставници на дипломатскиот кор.
Мики Трајковски