(ВИДЕО) Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник од СДСМ за Валандово

Од:

На три до четири месеци пред изборите, ние како партија, тргнавме во постапка заедно со вас граѓаните, да го селектираме тоа што е најдобро и да го понудиме за следните локални избори, порача претседателот Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.

– За некој ден ќе ги објавиме првите 20-тина кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата, драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува. И ја користам приликата да ја упатам пораката до сите функционери: трудете се работе, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете довербата и од граѓаните и од своето партиско ракводство, порача претседателот Заев.

Тој најави дека постапката за останатите кандидати продолжува преку испитување на јавното мислење и анкетирање на членството.

– Сакам да ве информирам, дека сите социјалдемократи, ќе имате електронско гласање, односно викендов ќе добиете СМС порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка, а секако ќе следуваат и анкети насекаде низ државата, заклучи Заев.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат Удово – Валандово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Удово – Валандово

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот, за секое маало, за цело Валандово

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он