Реагира и градоначалникот Георгиевски: Охрид е македонски град

Од:

„Упатувам јавна осуда по повод објавените спотови од страна на бугарски политички партии, во рамки на предизборната кампања во Бугарија. Охрид е македонски град, отсекогаш бил и ќе биде место кое ги поврзува двата народи, место кое е пример за соработка и толеранција“, напиша охридскиот градоначалник Константин Георгиевски на Фејсбук, во реакција на спотовите, кои денеска ги осуди и македонското МНР.

„Во духот на балканските и европските вредности, македонскиот и бугарскиот народ треба да негуваат добрососедско пријателство засновано врз силно меѓусебно почитување! Се надевам дека во иднина нема да имаме причина за вакви јавни реакции“, додава Георгиевски во објавата, проследена со фотографија од македонско знаме што се вее од Самуиловата тврдина.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион