Притвор за кумановецот кој ја злоставувал ќерка му и снимал со телефон, а видеата ги праќал на пријатели

Од:

30 дена притвор и постапка за 39-годишниот кумановец кој во повеќе наврати годинава извршил полов напад над малолетната ќерка која немала наполнето 14 години, а при тоа го снимал чинот и подоцна видеата ги споделувал на социјалните мрежи. Тој ќе одговара за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1 во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик информираат од Јавното бовинителство.

-Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Поради можноста од бегство, јавниот обвинител проценил лдека на осомничениот треба да му биде одреден притвор од 30 дена. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово го прифатил предлогот.

Би можело да ве интересира

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија