На врвот на Белите планини во Калифорнија растат борови кои се сметаат за најстарите живи дрвја во светот.
Се смета дека се стари помеѓу илјада и пет илјади години, а своите корења ги пуштиле во белата, алкална земја во која само овие дрвја можат да преживеат.
Со текот на времето, борот се адаптирал на почвата, а најстарите примероци се наоѓаат во источниот дел на Калифорнија, Невада и Јута.
Растат на висина од 3 километри, а нивната старост е тешко да се процени. Благодарение на сувата клима можат да останат недопрени илјадници години.