ВИДЕО: Атентаторите на претседателот на Хаити се претставиле како агенти на американската ДЕА?

Од:

Непознати напаѓачи, кои користеле оружје со голем калибар, во текот на ноќта извршиле атентат врз претседателот на Хаити, Жовенел Мојз, во неговиот дом, а на снимка која се појави во текот на денот, чија веродостојност не може да се утврди, се слуша како наводните атентатори се претставуваат како агенти на ДЕА, непосредно пред да го извршат нападот.

Убиството на шефот на карипската држава веднаш предизвика меѓународна осуда, додека растат стравувањата дека земјата, која со децении имаше проблем со стабилноста, ќе биде втурната во нов хаос.

Атентатот се случува во време кога во Хаити расте насилството меѓу криминалните групи, предизвикано од растечката хуманитарна криза и политичките превирања.

Привремениот премиер на земјата, Клод Жозеф, во телевизиско обраќање рече дека владата одржала итна седница и прогласила вонредна состојба на целата територија на Хаити. Власта во земјата смета дека атентаторите биле платеници.

„Мои сограѓани, останете мирни, затоа што ситуацијата е под контрола“, изјави Жозеф, додека медиумите и политичките партии во земјата истакнуваат дека не е јасно кој ќе ја преземе власта во Хаити.

Сопругата на 53-годишниот претседател и бизнисмен, Мартина Мојс, исто така била ранета во нападот, кој се случил околу еден часот по полноќ по локално време. Нема прецизни информации за нејзината состојба, освен тоа дека била пренесена во болница, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Политико: Трамп и десетина негови поранешни соработници на иранската листа за отстрел

A1on

Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Горан Наумовски

Трамп ги обвини Бајден и Харис: Се обидуваат да ме убијат поради вас

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Директорката на Тајната служба поднесе оставка поради атентатот на Доналд Трамп

Предраг Петровиќ