11.007 македонски граѓани досега примиле прва доза вакцина во Врање, ревакцинирани 6.362

Од:

Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 11.007 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 6.362 наши државјани.

Како што соопшти „Југпрес“, до 6 јули годинава на Спортски центар во Врање, кој е главен вакцинален пункт во овој град, вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во Врање изнесува 71.693.

Од нив, бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11.007.

Бројот Македонци кои се вакцинирале со втората доза изнесува 6.362 и двајца државјани на Република Босна и Херцеговина.

Вчера беа дадени 562 дози. Од таа бројка, 82 Македонци ја примија првата, додека 393 македонски граѓани ја примија втората доза на вакцината.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ги примиле вакцините „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски