Луис Хамилтон изјави дека проблемите со гумите, кои натпреварувачите ги имаа за време на ГН на Велика Британија, се неприфатливи.
Во трката вчера четворица пилоти имаа пукнати гуми, а Хамилтон, тоа го чинеше победата. Тој започна од пол-позицијата и ја предводеше колоната, но во седмиот круг се тргна наопаку.
“Безбедноста е најголемиот проблем. Тоа е едноставно неприфатливо. Направивме тест на гумите, за да се развијат и да се подобрат гумите, за да нема вакви случки, но очигледно ништо не се сменило. Некој можеше сериозно да настрада. Додека бев зад безбедносното возило, мислев дека ќе се направи нешто околу тоа, само кога некој ќе страда”, изјави Британецот.