САД: Над 535 обвинети за упадот во Капитол Хил

Од:

Министерството за правда на САД соопшти дека се обвинети над 535 лица, шест месеци по немирите на 6 јануари во американскиот Капитол Хил.

Обвинителството на САД за областа Колумбија во соопштението наведува дека 495 лица се обвинети за влегување или останување во федералната зграда или простории. Речиси 235 лица се обвинети за попречување, влијание или спречување на службеник при постапка или обид за тоа.

Најмалку 165 се обвинети за напад, отпор или попречување на службеници или вработени. ФБИ објави синоќа 11 нови видеа од осомничени за насилни напади врз полицајци за време на немирите во Капитол.

Од Обвителството, исто така, велат дека шест лица се уапсени под обвинение за напад врз припадници на медиуми или уништување на нивна опрема.

Сепак, Обвинителството наведува дека му е потребна помош од јавноста за да идентификува 300 лица за кои се претпоставува дека извршиле насилни дејства во Капитол Хил, вклучувајќи 200 кои нападнале полицајци.

Десет лица досега се изјаснија за виновни за различни обвиненија. Нападот предизвика штета од околу 1,5 милиони долари врз зградата на Капитол.

Би можело да ве интересира

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година беше осуден на повеќе од седум години затвор

(ВИДЕО) Лидерот на нередите во Капитол Хил осуден на 22 години: Плачеше во судница

Бигс е осуден на 17 години затвор поради раководење на нападот на американскиот Капитол

Горан Наумовски

18 години затвор за упадот во Капитол – осуден лидерот на „Чуварите на заклетвата“

Се бара казна од 25 затвор за водачот на групата која учествуваше во нападот на Капитол

Американската полиција во состојба на готовност поради евентуални напади пред втората годишнина од упадот во Капитол

А1он