Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов крои неразвоен и популистички ребаланс на буџетот на Град Скопје

Од:

„Петре Шилегов крои неразвоен и популистички ребаланс на буџетот на Град Скопје. Шилегов ќе го задолжи градот за над 5 милиони евра, а пред само неколку месеца доби 12 милиони евра од продажба на градската куќа“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Не се знае каде се 12 милиони евра од продадената градска куќа, на што со потрошени и кој одлучил така да се трошат?

Во ребалансот Шилегов предвидува поголема ставка за плати за администрацијата, што значи или дека се планирани нови вработувања пред избори или поделба на К-15 пред избори, нешто што не е направено 4 години. И едното и другото укажуваат на злоупотреби на градските пари.

И додека се расфрла со пари, Шилегов дава 2 милиони евра како субвенција за градските претпријатија, што укажува дека ако не е градот тие нема да можат да функционираат, што е показател за лошо и неодговорно менаџирање.

Со Шилегов во Скопје смрди на криминал.

Време е Шилегов да си замине. Време е за Македонија за сите луѓе!“, се наведува во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски