Луксузно место за богати и познати, нуди вистински одмор и екстремна приватност. Комплекот вили и апартмани е сместен во пустинскиот дел на државата Јута, а се простира на 242 хектари.
Тајната на ова место е што е екстремно приватно, до него се стига само со посебен авионски лет. Ултра модерните вили ги привлекуваат најбогатите клиенти кои ја ценат приватноста. Во 2011, тука престојувале Бред Пит и Анџелина Џоли.
Престојот во апартманите со поглед на пустината чини 1.100 долари, додека вила со четири спални соби, со приватна тераса, дневна соба со камин, соба за сабава, туш и лежалки на базенот чини 7.500 долари.