Чедомир Јовановиќ на својот Инстаграм објави фотографии од билборди поставени низ Македонија, изразувајќи благодарност до Србија за донираните вакцини.
– Верував во ова, поради ова ги уривав ѕидовите на глупоста и омразата со глава. Горд сум на Скопје и Белград – се наведува во објавата на Чедомир Јовановиќ.
Инаку, Македонија првите вакцини против Ковид-19 ги доби од Србија. Земјата во повеќе наврати донираше вакцини на Македонија, а македонските граѓани можеа да се вакцинираат во пунктовите низ Србија без никаков проблем.