Седумнаесетгодишната талентирана американска тенисерка Коко Гoф, која загуби од Анжелик Кербер во осминафиналето на Вимблдон, го имаше најбрзиот сервис во женска конкуренција на актуелното издание на грен-слем турнирот. Американката е единствената чиј сервис достигна повеќе од 200 километри на час.
На вчерашниот меч против Кербер, беше измерена брзина од 201,1 км/ч на еден нејзин сервис.
Гоф продолжува да настапува во двојки. Заедно со Кетрин МекНали. Таа со нејзината партнерка, денес ќе се натпреваруваат против двојката Елена Веснина/Вероника Кудерметова.