Полицијата изврши претрес во Сингелиќ, пронајдена дрога, а приведени се три лица

Од:

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во содејство со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје вчера ги лиши од слобода А.А.(61), Б.А.(22) и Л.А.(21), сите од Скопје.

Како што се наведува во соопштението од МВР, при извршен претрес на дом и други простории, врз основа на судска наредба, на подрачјето на Сингелиќ во Скопје, кај А.А.(21) од Скопје, кој не бил затекнат дома, била пронајдена марихуана. Трите лица се приведени, додека за едно лице е распишана потрага.

По комплетирање на целокупната документација за кривично-правниот настан од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“