Бугарската компанија „Комак медикал“, која вакцинира граѓани на македонската граница, ја прекинува работата

Од:

По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврди за дописникот на МИА од Софија, сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски.

Причина за одлуката, според Врабевски, е дека Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови во земјата.

Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа налагани ПЦР тестови за влез во Бугарија.

Досега 3.200 граѓани на Македонија беа вакцинирани од страна на „Комак медикал“ и ним им биле издавани сертификати за вакцинација, рече Врабевски.

Сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат да ја примат втората до 31 јули.

Врабевски додаде дека вакцините што биле ветени од бугарскиот претседател Румен Радев за Македонија, се уште не се доставени.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски