Цените на угостителските услуги во јуни во однос на мај годинава останале на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,1 процент и Безалкохолни пијалаци за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во јуни годинава во однос на јуни лани, угостителските услуги поскапеле за 0,2 отсто.
Во периодот јануари – јуни годинава, споредено со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,3 оттсо, додека во однос на декември 2020 година за 0,1 отсто.