ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Од:

„Кралот на хот-дозите“, Џои Честнат, вчера го надмина сопствениот рекорд, при што изеде 76 сендвичи со виршли, на годинешниот натпревар во јадење хот-дог на 4 јули, кога САД ја слават својата независност од британската власт.

Ова е негова 14-та победа во натпреварувањето. Џои (37), од Калифорнија ја надмина својата минатогодишна победа јадејќи една виршла повеќе. Организаторите рекоа дека со неговиот „дигестивен потфат“, тој го срушил светскиот рекорд.

Во конкуренцијата кај жените победи учителката Мишел Леско од Аризона. Таа изеде нешто помалку од 31 виршла. Сепак, тоа беше далеку под светскиот рекорд за жени, поставен од Мики Судо лани – со 48 и пол виршли изедени за 10 минути.

Натпреварот лани се одвиваше без гледачи, поради пандемијата на коронавирус.

Натпреварувањето инаку, се одржува секоја година, од 1972 година досега, по повод Денот на независноста на САД – 4 јули.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски

ВИДЕО: Гинисовиот рекорд за најдолга подводна прошетка соборен во Сплит

Жарко Настоски