Од утре за сите граѓани ќе биде достапен сајтот „vakcinacija.mk/revaccination“, чија намена е сите кои се вакцинирани во странство, да се пријават доколку сакаат да се ревакцинираат во Македонија.
„Преку регистрацијата на граѓаните ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат. Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години“, информираа од Министерство за здравство.
За сите останати граѓани, после регистрација на сајтот, Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информира јавностса.