На температура од околу 40 целзиусови степени, неколку стотици луѓе денеска маршираа низ улиците на Приштина, на петтата по ред косовска Парада на гордоста.
Учесниците повикаа на еднаквост и слобода за припадниците на ЛГБТИ заедницата, на последниот ден од Неделата на гордоста, во чии рамки имаше низа активности.
Маршот започна на Плоштадот Скендербег, а продолжи по булеварот „Мајка Тереза“ сѐ до католичката катедрала, за да заврши на плоштадот „Захир Пајазити“, со мал концерт.
Учесниците носеа голем банер на кој на албански и англиски јазик пишуваше „Заедно и горди“.
На собраните им се обрати Ленди Мустафа, активист и еден од првите отворено трансродови луѓе во Косово, кој рече дека и покрај потешкотиите, нивната заедница е цврсто збиена заедно и дека тоа им помага да ги надминат предизвиците.