Словенечкото претседателство очекува формални преговори со Скопје и Тирана

Од:

Премиерот на Словенија Јанез Јанша денеска го инаугурираше почетокот на словенечкото претседавање со ЕУ во Љубљана заедно со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Двајцата потврдија дека се работи на формален старт на преговори со Северна Македонија и Албанија во наредните шест месеци.

Словенечкиот премиер Јанша изјави дека проширувањето е стратешка цел на Европската Унија и како таква тој очекува дилемите да се решат и да се постигне согласност помеѓу 27-те земји членки на ЕУ за време на претседавањето на неговата земја.

Претседателката фон дер Лајен од своја страна потврди дека ќе се вложат напори од страна на Европската Комисија за постигнување на оваа цел исто така.

-Посветени сме да оствариме напредок во процесот на проширување преку формално отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, и го поздравувам организирањето на самитот со западен Балкан, изјави шефицата на европската извршна власт.

Овој самит треба да се одржи во Словенија на 6 октомври.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Грешката на ЕУ беше што престанавме да комуницираме со Русија

ВИДЕО: Словенечки политичар се искачи на покривот на Собранието, се закани со самоубиство

Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски