Бугарски криминалец, еден од најбараните во Европа, уапсен во Скопје

Од:

Во Скопје, вчера полицијата уапсила 63-годишен државјанин на Бугарија кој бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Софија, а бил осуден на 14 години затвор за силување, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 29.06.2021 во 12.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Р.Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија, се вели во информацијата од МВР.

П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол“.

Судија на претходна постапка му одредил екстрадициски притвор во траење од 30 дена и е спроведен во КПУ Затвор Скопје.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба