Пендаровски: Добрата вест е што заврши португалското претседателство

Од:

Искрено жалам поради длабоко погрешните изјави кои ги поткопаа сите напори и одличниот и балансиран предлог со кој претходно излезе португалскиот министер за надворешни работи Да Силва рече претседателот Стево Пендаровски на прес конференцијата по средбата во Загреб со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Коментирајќи ја изјавата на португалската минситерка Ана Паула Закаријаш која македонскиот јазик го нарече „северномакедонски“, и оцени дека „некогаш бил дел од бугарскиот јазик“, Пендаровски вели дека од историчари кои се занимаваат со политика, полоши се само политичари кои се обидуваат да толкуваат историски епохи.

„Добрата вест е што португалското претседателство заврши, се надевам дека словенечкото претседателство ќе продолжи долж истата патека со полно уважување на виталните национални и државни интереси на двете страни, инаку не може да се дојде до договор“, рече Пендаровски.

Пендаровски вели дека Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Смета дека за Македонија не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија.

Секоја земја, додаде Пендаровски, се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет, но без соработка меѓу државите, според него, тоа би било недоволно.

– Нашите две држави, нашите граѓани ги поврзуваат длабоки историски и културни врски, ние сме блиски по географија, слични по јазик, култура и по менталитет, светоглед и вредности, рече Пендаровски.

Хрватскиот претседател Милановиќ посочи дека на средбата што ја одржаа со Пендаровски разговарале, меѓудругото и за европскиот пат на нашата држава.

– Нема да биде едноставно, ќе биде потребно многу труд, ќе треба пријателска помош, многу дискусија, уверување. Хрватска знае колку упорност и здодевна, макотрпна работа е потребна да се постигнат тие цели, истото ја чека и Северна Македонија на тој пат, ќе дадеме се од себе да нема лутања, рече Милановиќ.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска