Од вчера почна дистрибуцијата на вакцините на „Синовак“ во сите центри за имунизација и масовна вакцинација во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека со ова се создадени услови за динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15 или 20 јули е предвидено да започне и теренска вакцинација.
Во периодот од 24 часа меѓу понеделникот и вчера од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата, до вчера изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.