300 навивачи се вратиле заразени во Финска, Владата поради тоа не ги укинува мерките

Од:

Најмалку 300 Финци кои патувале во странство за да ја бодрат својата репрезентација на Европското првенство во фудбал, се заразиле со КОВИД-19, соопштија денеска здравствените власти.

Бројот на нови случаи на ден во Финска се зголеми од речиси 50 на повеќе од 200 во текот на изминатата недела, а бројката веројатно ќе се зголеми во наредните денови, соопштија официјалните лица.

– Очигледно е дека навивачите кои се враќаат предизвикаа раст на нови инфекции на дневна основа во Финска, рече Мика Салминен, директор на одделот за безбедност на Финскиот здравствен институт.

– Ако ја погледнеме нивната возраст, станува јасно дека малкумина од нив ги примиле двете дози на вакцината, додаде официјалното лице.

Според локалните здравствени власти, повеќе од 200 случаи на инфекција за време на фудбалски натпревар во Русија се идентификувани меѓу жителите во околината на Хелсинки.

– Клучното прашање е дали ќе бидеме сведоци на синџири на пренесување на вирусот. Сега се чини дека не можеме да преминеме на ниво на послаби ограничувања во областа на Хелсинки, изјави Салминен.

Институтот проценува дека меѓу 4.500 и 6.000 љубители на фудбалот го посетиле рускиот град Санкт Петербург за да следат натпревари на Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски