Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на виртуелниот форум за Југоисточна Европа во организација на Маршал центар, европски центар за безбедносни студии.
Темата на форумот беше „Југоисточна Европа и почетокот на новата декада“.
На форумот учествуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.