Кошаркарската федерација на САД го објави денеска составот на репрезентацијата за претстојните Олимписки игри (ОИ) во Токио. Селекцијата која ја предводи Грег Попович е полна со искусни кошаркари, но и млади ѕвезди. Ова ќе биде третиот највозрасен американски олимписки тим.
Репрезентацијата ја сочинуваат 12 кошаркари од НБА лигата – Кевин Лав, Кевин Дjурeнт, Џру Холидеј, Дејмиен Лилард, Дрејмонд Грин, Бредли Бил, Бем Адебајо, Девин Букер, Џерами Грант, Зек Лавин, Крис Мидлтон и Џејсон Тејтум.
– Градиме тимови кои се сестрани и издржливи за краткиte и интензивни натпреварувања на кои играме. Среќни сме што оваа група елитни спортисти се пријавија да не претставуваат во Токио ова лето, изјави претседателот на Американската кошаркарска федерација Мартин Демпси.
Највозразен во американскиот состав е 32-годишниот Лав, додека Тејтум со 22 години е најмладиот. Просечната возраст на американската кошаркарска репрезентација на Олимпијадата во Токио ќе биде 28,2 години.