Најмалку 15 загинати при напад на конвој во Пакистан

Од:

Најмалку 15 лица загинаа, а 25 се повредени денеска при експлозија на едно возило во конвој на пакистанската армија во Пешевар, соопштија локалните власти.

Медиумите објавија дека повеќето од жртвите веројатно се цивили, а дека експлодирало едно возило на паравоените сили на Пограничниот корпус, кој го сочинуваат главно жители на племенските територии долж државната граница со Авганистан и потчинети на пакистанската воена команда.

– Другите возила од конвојот поминаа безбедно, изјави полицаецот Шафијулах Кан.

Според телевизиските снимки во експлозијата се уништени многу возила и продавници во оваа област. Засега никој не преземал одговорност за експлозијата, но најголемо сомневање постои за пакистанските талибанци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица