Шекеринска: Со добри резултати убедена сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици

Од:

Со добри резултати убедена сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици. Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого се повеќе ќе расте. Видовте дека последните денови по одлуката на Бугарија посилна е критиката што доаѓа од другите европски градови отколку разочарувањето и критиката кои оправдано доаѓаат од кај нас.

Ова го изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.

– Кога работите зависат од нас, јас сум секогаш оптимист затоа што кога ќе го дадеш максимумот резултатите ќе дојдат. Тој тип оптимизам секогаш сме го имале во Владата, во МО или во академската заедница. Меѓутоа прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна, и не можете вашиот оптимизам да го искористите за да ја сработите нивната задача, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со последната блокада од Бугарија.

Според неа, попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех, станавме членка на НАТО, затоа што, подвлече, носевме паметни одлуки.

– Ќе продолжиме да носиме паметни одлуки и да водиме вистински политики не само за да и покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку заради тоа што знаеме дека македонските граѓани се европјани и очекуваат од нас европски стандарди, нагласи министерката за одбрана.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска