Приведени шест лица во угостителски објект во Жеровјане, пронајдено оружје

Од:

Во угостителски објект во тетовско Жеровјане утрово во периодот од 01.30 до 05.00 часот полицијата привела приведени се шест лица.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници од СВР Тетово, при контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на А.А.(30) од тетовско Боговиње, затекнале 12 лица, од кои седум од Србија, две од Русија, едно од БиХ и две од нашата земја, како и 41 лице – гости во објектот.

Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а во близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „Шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9милиметри и револвер со муниција.

– Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација, се наведува во соопштението.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он