Протасевич префрлен во домашен притвор

Од:

Белоруските власти ги префрлија опозицискиот новинар Роман Протасевич и неговата девојка Софија Сапега, кои беа уапсени на 23 мај по принудното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, од притворската установа во домашен притвор.

Дека Протасевич сега се наоѓа во изнајмен стан во Минск, потврди неговиот татко Дмитриј Протасевич за Би Би Си.

Тој, исто така, истакна и дека властите сè уште не доставиле никакви дополнителни информации на семејството за моменталната локација на уапсениот новинар.

Девојката на Протасевич, руската државјанка Софија Сапега, која беше уапсена заедно со него, исто така е пренесена во изнајмен стан, каде што живее сама, потврди нејзиниот очув за Би Би Си.

Би можело да ве интересира

Велика Британија: Режисерите на интервјуто со Протасевич треба да одговараат

Жарко Настоски

Тихановскаја: Проташевич го тепаат и малтретираат в затвор

Тихановскаја бара од САД и Г-7 да се преземат мерки против Лукашенко

Столтенберг: Пренасочувањето на летот на Протасевич е „државно киднапирање“

ВИДЕО: „Киднапираниот“ Проташевич се појави во видео објавено од белоруските власти

Катерина Ѓуровски