Столтенберг: Пренасочувањето на летот на Протасевич е „државно киднапирање“

Од:

Пренасочување на летот на белорускиот опозициски новинар Роман Протасевич и принудувањето на авионот на Рајанер да слета во Минск е „државно киднапирање“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој повика на итно ослободување на Протасевич и неговата девојка Софија Сапега. Столтенберг истакна дека ова прашање ќе се дискутира и на денешниот состанок на амбасадорите на НАТО.

Генералниот секретар на Алијансата го оквалификува случајот како опасен и неприфатлив. Тој ги поздрави натамошните чекори одобрени синоќа од Европскиот совет против Минск.

Столтенберг рече дека присилното слетување покажало како белоруските власти се однесуваат кон слободата на изразување, независните медиуми и основните демократски права. Тој додаде дека за случајот е потребна итна меѓународна истрага.

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО

Горан Наумовски

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Шефот на НАТО даде дозвола: На Украинците ќе им биде дозволено да стрелаат во Русија со авиони Ф-16

Предраг Петровиќ

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила