ВИДЕО: „Киднапираниот“ Проташевич се појави во видео објавено од белоруските власти

Од:

Еврпската Унија донесе одлука да има забрани на белоруските авиокомпании да прелетуваат преку европското небо како последицна на инцидентот со дивертираниот авион на Рајанер во Минск и апсењето на Роман Проташевич.

На состанокот во Брисел, лидерите на 27-те земји членки исто така им нагласија на европските авиокомпании да не летаат преку воздушниот простор на Белорусија, а најавени се и други економски санкции.

Реакцијата на Европската Унија доаѓа по приведувањето на опозицискиот новинар-блогер Проташевич кој беше во авионот. Западните земји ја обвинија Белорусија за киднапирање на авионот.

Доцна синоќа, провладнитите медиуми во Белорусија објавија видео со Проташевич на кое тој наводно ги признава обвиненијата за тоа дека ги предводел протестите во земјата. На видеото уште вели дека е во добра состојба и оти добива добар третман.

Сепак, опозицијата во земјата веднаш реагираше дека е очгледно дека Проташевич го снимил видеото под притисок.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“