Контролори на ЈСП натепани во автобус кај Бит-пазар

Од:

Тројца патници кои се возеле во скопски градски автобус вчера нападнале двајца контролори кои влегле за да проверат за билети во возилото на ЈСП, а инцидентот се случил во близина на Бит-пазар, соопшти полицијата.

„На 23.06.2021 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, во автобус на ЈСП, додека Ф.Б.(37) и неговиот колега Х.М.(35), двајцата од Скопје, вршеле контрола на возните билети, биле физички нападнати од три лица, при што бил употребен и тврд предмет“, се вели во соопштението.

Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

18-годишник од Скопје е осомничен за убиство на познаник

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он