ВИДЕО: Белграѓани го поминаа најтоплиот ден во последните 103 години

Од:

Во Белград денеска во 16 часот е измерена температура од 38,2 целзиусови степени, со што денешниот ден официјално е најтоплиот во српскиот главен град во изминатите 103 години.

Денеска измерената температура е за 0,2 степени повисока од онаа на 18 јуни 1918 година, соопшти српскиот хидромоетеоролошки завод.

Лекарите од Итната медицинска помош соопштија дека само до 10:30 часот претпладнево имало десетина жители на Белград кои колабирале на градските улици и на кои морало да им се укаже лекарска помош.

РХМЗ денеска издаде предупредување за многу високите температури, кои се значително над просекот за ова време од годината. Метеоролозите најавуваат и услови за дожд и невреме со грмотевици во Србија во раните вечерни часови.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он