Ниедна влада нема право да преговара за македонскиот јазик и идентитет, повтори Заев во Собранието

Од:

Не ни треба Европска унија, ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што ќе бидеме обезличени. Нема кој да влезе во ЕУ, затоа што мнозинството народ во државата се Македонци. Ниту оваа, ниту пак која било влада има право да разговара за македонскиот јазик и македонски идентитет, нагласи премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, зошто нема почеток на преговори со ЕУ, кога тој тврдел дека Преспанскиот договор ни гарантира членство, и побара од претседателот на Владата да го прочита предлогот со кој тој заминал во Софија.

– Истите вие кои велите дека отиде Заев во Софија да направи ново предавство, истите вие велите зошто не испорачавте членство во ЕУ. Кои се всушност вашите ставови? Да го штитиме македонскиот идентитет или по која било цена да направиме договор со Бугарија за да можеме да станеме членка на ЕУ, праша Заев, кој ги нарече опозиционерите квази-патриоти.

Тој објасни дека со Бугарија се разговара за патоказ, што е предлогот во португалското решение на проблемот. Заев појасни дека во патоказот се наведени сите области за соработка, како на пример изградба на инфраструктура, отворање гранични премини, подобра соработка меѓу институциите.

– Вториот дел, во кој се осврнуваме во патоказот е интензитетот на состанување на историско образовната комисија, без да се прецизира за тоа што Комисијата разговара оти таму членуваат експерти. На едно место каде што се спомнува македонскиот јазик, стои дека се работи за два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, подвлече Заев.

Тој рече дека не се започнати преговорите со ЕУ, поради внатрешната состојба во Бугарија, која нема политичка влада и нема конститутиран Парламент. Заев верува дека во периодот што следи, ќе продолжат разговорите со Бугарија.

Мизрахи рече дека не е задоволна од одговорите на Заев и оти дали Бугарија има или нема парламент, не е наша работа, туку нивна. Таа рече дека Бугарија има Декларација во која се исцртани бугарските црвени линии.

– Ајде ние да ги исцртаме нашите црвени линии, да имаме Декларација, нагласи Мизрахи.

Мизрахи критикуваше дека по 30 години независност поради Заев и политиките на власта, граѓаните треба да шепотат во сопствената земја дека се Македонци.

– Ја искрвавевте и земјава и луѓево во компромиси за датуми во стилот на „не оваа среда ама наредниот петок“ и еве сте денес тука, во законодавниот дом и јас немам зборови и не знам зашто сте вие тука? Лоша била ЕУ. Па каде не носевте преку крвави компромиси цели четири години? Во лошата ЕУ? Да ве потсетам дека не донесовте во агонија на државно обезличување со тоа ветување. Престанете да го навредувате и народот. Престанете да ја навредувате Македонија, вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека на Заев се некој друг му е крив, до завчера тоа било ВМРО, а од вчера ВМРО и ЕУ, па државата ја претворил во северна творба, и го навредил и понижил народот за денес да шири ЕУ-скептицизам. Мизрахи во неколку наврати нагласи дека со потпишување на Преспанскиот договор, Заев ветил членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини