Радев: Само дијалогот со Бугарија ќе го забрза патот на Скопје кон ЕУ

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска нагласи дека брзото движење на Република Северна Македонија кон ЕУ зависи само од дијалогот со Бугарија.

– Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска држава зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија, изјави тој по пристигнувањето на дводневниот Европски совет во Брисел.

– Јасно е дека луѓето во РСМ се наши браќа и ние сме должни да им помагаме, како и секогаш. Бугарија останува отворена за брзи, успешни билатерални преговори во интерес на граѓаните на двете земји, додаде тој.

Според него, Бугарија успеала прашањето за започнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од денешната агенда на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ.

– Последните месец и половина, Бугарија беше под неверојатен притисок од европските партнери на денешниот Европски совет да ги започне преговорите за членство во РСМ, рече претседателот на Бугарија, јави БТА.

– Верувам дека разбраа дека обвинувањата против Бугарија се неосновани, дека имаме јасен став да најдеме излез од овој проблем и дека инсистираме на сигурни гаранции, на одржливи и неповратни резултати во билатералните односи. Време е да се излезе од семејната дипломатија пред камерите и да се фокусираме на прагматични решенија… Притисокот ќе продолжи, но ние докажавме овој месец и половина дека можеме да бидеме отворени за конструктивен дијалог и да иницираме дијалог на највисоко ниво.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија