Девојка ограбила куќа во Тафталиџе, си заминала со плен вреден 2.500 евра

Од:

25-годишна провалничка од Скопје, заедно со уште едно лице кое ѝ помагало, доби кривична пријава откако полицијата утврдила дека во февруари ограбила куќа во скопската населба Тафталиџе, заминувајќи си со плен вреден околу 2.500 евра.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавената, на 01.02.2021 заедно со уште едно лице, со употреба на сила влегле во куќа на ул.„Каирска“, сопственост на С.С., при што одзеле пари, техничка стока и златен накит и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 150.000 денари“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол