Заев вели дека не се договарале со Ахмети да ги сменат државните симболи

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети не разговарале за државните симболи, или поконкретно за промена на химната на државата.

– Вчера имаше официјална реакција од Владата. Со колегата Али Ахмети не сме разговарале за државните симболи. Треба да се фокусираме на економијата, зелената агенда, како и главниот фокус да остане на европеизацијата на Северна Македонија, рече Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан дали смета дека погрешил со тоа што на Твитер напиша „Македонската фудбалска репрезентација“ за што грчките власти замерија дека не се користи уствното име и најавија дека ќе ги замрзнат трите меморандуми, Заев рече дека е нормално да се направи грешка, меѓутоа, како што додаде, земјата е посветена на Преспанскиот договор, бидејќи носи бенефит за граѓаните на двете држави.

– Тоа е точно со Договорот од Преспа, но тоа не е причина да се одложат договорите и меморандумите во грчкиот Парламент затоа што чекавме две години за овие договори и меморандуми во грчкиот Парламент и можеме да почекаме уште три месеци… Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години и да го повторувам понекогаш, но секако продолжуваме да се посветуваме на тоа бидејќи Договорот од Преспа носи придобивки за нашите граѓани, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ