ВИДЕО: Почна проширувањето на булеварот Борис Трајковски

Од:

„СДСМ на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура.

Почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево“, рече Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

„Овој потег со вкупна должина од 2.325 метри ќе се прошири од две на четири коловозни ленти, стариот асфалт целосно ќе биде заменет со нов.

Од двете страни на булеварот ќе има пешачки патеки и велосипедска патека на едната страна.

Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри.

Булеварот Борис Трајковски е една од главните артерии во нашиот град. Со проширување и реконструкција на оваа делница ќе им се олесни и осовремени животот на педесетина ијади граѓани, кои гравитираат кон овој булевар.

Со ова Град Скопје ја започна летната градежна сезона, во чии рамки во неколку скопски општини ќе се градат или реконструираат 11 градски сообраќајници.

Во изминатиот период Град Скопје брзо и ефикасно ги реконструираше најфрекфентните сообраќајници низ градот.

СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов го прават најдоборото за Скопје.

Со посветена работа Скопје станува успешна приказна, станува уредена европска метропола“, изјави Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ