(ВИДЕО) Пендаровски – Кодели: С. Македонија и Албанија заслужуваат неодложно да ги започнат преговорите со ЕУ

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од Мими Кодели, пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика. Пендаровски и Кодели се согласиле дека двете држави заслужуваат да почнат преговори со ЕУ, што позитивно ќе се одрази и на регионот.

– На средбата претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како најприфатлив можен начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина. Во тој контекст, ја нагласи важноста од продолжување на динамичната соработка меѓу парламентите на двете држави, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Покрај ова, биле разменети мислења и информации за европските интеграции, како и за последниот развој на настаните по одржувањето на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија.

– Соговорниците се согласија дека и Северна Македонија и Албанија заслужуваат неодложно да ги започнат преговорите со Европската Унија, при што оценија дека тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија, соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски