Ако сака да влезе во Европа, ние ќе му помогнеме на Скопје, но тие да се откажат од иредентизам и да се согласат на едно име за сите употреби, кое нема да задира во грчкиот карактер на грчка Македонија, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во говорот на деветтиот конгрес на Нова демократија.
Според него, проблемите што постојат во соседните земји „не треба да се кријат под тепих“ туку да се решат и земјите да се обединат.
– Сакаме да живееме мирно со нашите соседи. За да ја имаме улогата на стабилизатор во регионот, зад нас сакаме да имаме стабилно и демократско соседство, рече Самарас и додаде дека во таков регион нема место за иредентизам.