Груевски за плацовите на Водно: Нема докази, ништо не сум купил или продал

Од:

Поранешниот премиер, азилантот во Будимпешта Никола Груевски, во нов статус на Фејсбук објаснува дека обвинението за „Плацовите на Водно“ и целиот случај против него е монтиран од страна на власта на Зоран Заев. Тој повтори дека случајот не се темели на докази и дека тој “не направил никакви купопродажби“.

„Очекувано уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на обвинителство креирано по наредба на криминалецот Заев минатата година, наредба која уште во септември минатата година Заев ја сподели со повеќе негови соработници. По наредба на контролорите од власта на судот и обвинителството за објавата се чекаше кога да се објави, за што одлучуваат одговорните за односи за јавноста во СДСМ/Владата“, напиша тој.

Без ниту еден матерјален доказ, кој и неможе да го има бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот “рекла-казала” на неколку најблаго кажано уценети лица од власта со најбрутални методи. Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот итн, па удираш по тој кој го направил тоа што неможеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во криминалното работње и рекетот од позиција на власт,“ пишува Груевски.

„И на ова беснење, колку и да трае долго, ќе му дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа криминална банда, предводена од човек кој функционира по мафијашки принципи, слично како што функционирал кога го зголемувал својот капитал преку лихварство во струмичкиот регион за чии само параван била регистрирана штедилница, и како што функционирал при делење на стотици тендери на општина Струмица на членовите на неговото потесно и пошироко семејство и локални партиски челници, за кое пред 7 години ни објаснуваше дека регуларно си ги добиле тендерите“, додава Груевски.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on