Милошоски – Кодели: С. Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите со ЕУ

Од:

Претседателите на собраниските комисии за надворешна политика на Северна Македонија и на Албанија, Антонио Милошоски и Мими Кодели денеска од Скопје упатија заедничка порака до ЕУ дека двете земји треба да ги почнат преговорите за влез во Унијата и дека билатералните прашања меѓу земјите не треба да бидат ставани во рамката за пристапните преговори.

Милошоски истакна дека денеска, кога во Луксембург се одржува министерскиот совет, ќе има добри вести за Србија и за Црна Гора, кои ќе ги отворат меѓувладините конференции според новата методологија, но ќе биде уште едно разочарување за Македонија и за Албанија затоа што не очекува да се донесе одлука за почеток на преговорите.

-Дополнително разочарувачки за македонската јавноста е што нашата Влада пред три години манипулираше дека веќе сме добиле датум за преговори, очигледнно дека сме далеку од таа позитивна одлука. Дополнително доколку ЕУ продолжи на овој начин да работи, и таа во самиот регион ќе продолжи да го губи својот кредибилитет, рече Милошоски.

Ние, додаде тој, од 2009 година имаме препорака за почеток на препораки, ЕУ не успева да обезбеди консензус ти преговори да започнат.

-Нашето мислење е дека ЕУ без Западниот Балкан нема да биде целосна и моето лично мислење е дека позади овие блокади можеби е видлива Бугарија како поединечна земја, но јас не сум сигурен дека Бугарија е единствената земја која што не му дава приоритет на проширувањето на ЕУ. Веројатно, и некои други земји кои се потивки споделуваат некоја заедничка цел проширувањето да биде што побавно, смета Милошоски.

Тој смета дека доколку ЕУ сака да се направи исчекор во проширувањето, тоа може да го изменаџира и со Бугарија во однос на пршањето со Северна Македонија.

-Очигледно е дека не постои доволно желба во самата ЕУ и дека не постои доволно кредибилитет во самата Македонија за некој да вложи таков политички капитал, рече Милошоски.

Во однос на Бугарија и тезата дека се разговара за јазикот и идентитетот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека според нивни информации весникот „24 часа“ бил брифиран од кабинетот на актуелниот премиер, а и самото одење на Зоран Заев во Софија и неговото поведение во изминатите години им дава за право да веруваат дека тој понудил нацрт – документ во неофицијална верзија што Владата не сака да го сподели со Парламентот и со новинарите.

Прашањето на Бугарија и Северна Македонија, според него, може да се реши по примерот на Словенијаи Хрватска, билатералните спорови да не се ставаат во рамката за преговори.

Милошоски и Кодели оценија дека имаат одлична соработка, а таа допатувала во Скопје на наша покана за да разговараат за билатерални прашања, но и да разменат искуства за евроинтегративниот процес.

Претседателката на собраниската Комисија за надворешна политика на албанскиот парламент Кодели го дели мислењето дека денеска е значаен ден за проширувањето поради состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, но притоа истакна дека е уверена оти Северна Македонија и Албанија треба заеднички да одат на овој пат.

– Го поддржувам мислењето дека отворањето на преговорите со новата методологија за Србија и Црна Гора е секако позитивна вест за Западен Балкан. Ние сме убедени како Албанци, како политика на Албанија дека нашето патување ќе биде заедничко, Албанија и Северна Македонија заеднички на европскиот пат. Ние никогаш не сме имале никакви спорови меѓу себе, ќе се помагаме меѓу себе без разлика на одговорот што ќе го добиеме, рече албанската пратеничка.

Кодели смета дека силно верува оти сите регионални иницијативи ќе бидат поддршка на двете страни во нашите интегративни процеси, и оти е потребно интензивирање на и онака добрите односи со Северна Македонија.

– И ние сме за тоа дека ниту една проблематика меѓу две држави не треба да биде ставена во интегративниот процес, бидејќи тоа се проблеми што треба да се решаваат без да се стави вето. Северна Македонија направи тоа што е невозможно со уставните измени, со промена на името и друго, додека Албанија направи значајни и уникатни реформи кои што се оценуваат како успешни и кои што беа голема реалност за сите тие кои што сакаат ов да го вреднуваат на патот на отворање на поглавјата, рече Кодели.

Албанската пратеничка рече дека нивните надежи биле во португалското претседателство, но сега се надеваат дека отворањето на преговорите ќе се случи во словенечкото претседателство.

Кодели смета дека Северна Македнија и Албанија, како две земји од Западен Балкан треба заедно да го минат интегративниот процес за влез во ЕУ. Таа не верува дека Албанија е „заложник“ на македонско-бугарскиот спор.

-Ја ценам соработката меѓу Северна Македонија и на Албанија, секако дека финалното решение е многу значајно во процесот, но многу значајно е и патувањето да биде заедничко, кога велам заедничко не велам само за Северна Макеоднија и за Албанија, но и за сите држави во Западен Балкан – Србија, Црна Гора, БиХ, дијалогот Србија – Косово и секое унапредување во делот на Европа кое се нарекува Западен Балкан, рече Кодели.

Освен со Милошоски, кој е претседател на сораниската Комисија за надворешна политика, Кодели има средба и со Изет Меџити, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија и со нејзините членови.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска